04:20 - 29 ноември, 2026

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

Тамара Тодевска покажа колку добра другарка е, откако за блиска личност приреди специјално изненадување.

Станува збор за диџеј Зоки Бејбе кој го прослави својот роденден, а нашата пејачка заедно со други нивни блиски пријатели му организираше роденден во Барселона.

Првото видео кое го објави Тамара е како таа зо Зоки Бејбе во авион, а пред тоа, таа објави инстаграм-приказна со својот пријател од скопскиот аеродром пред да полетаат.

Фото/Инстаграм

Потоа, пејачката објави видео од изненадувањето во ресторанот во Барселона, и од емотивниот момент кога Зоки Бејбе ги дува роденденските свеќи. Следните видеа се од друштвото како слави во клуб во Барселона.

Фото/Инстаграм

-Радио е мојата љубов поврзана со слушањето музика. Имав многу долг и убав професионален живот на радио. Слушаност каква денес не може да се замисли. Таму првпат проговорив за хаус и техно музика, водев топ-листи, ноќна програма, интернационално денс-радио шоу на Македонското радио, прва програма, што беше преседан и целосен скок во иднината што никогаш не стасала побргу.

Имав на Клуб ФМ (тогаш целосно посветено на клупска музика) радиоемисија каде што ме слушаа од Њујорк до Сиднеј. Денес поткастите се супер и уживам во слушање странски музички емисии. Кај нас нема поткаст посветен на музика и тука се гледам во иднина- рече познатипт диџеј неодамна во интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....