21:35 - 8 ноември, 2026

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Душица Топиќ, една од учесниците во најголемото спортско реално шоу на светот Ексатлон (Exatlon), доживеала сериозна повреда за време на втората епизода.

Синоќешниот дуел меѓу двајцата тимови, Црвените и Сините, повторно привлече големо внимание кај гледачите. Спектакуларните спортски предизвици донесоа многу возбуда и напнатост, но и грижа.

Во еден од предизвиците, членовите на Синиот тим, кои ја однесоа победата, останаа шокирани кога ја видоа Душица. Нејзиното око беше отечено и речиси целосно затворено, што не можеше да остане незабележано. Со текот на времето, состојбата на Душица стануваше се по сериозна, а тензијата меѓу учесниците растеше од минута во минута.

На крајот, поради влошувањето на нејзината состојба, Итната помош мораше да интервенира и да ја однесе Душица на понатамошна медицинска контрола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Exatlon Serbia (@exatlonserbia)

Кој е Душица Топиќ?

Во светот на атлетиката, нејзиното име е поврзано со титулата државна рекордерка во брзо одење. Забележителни успеси има и како репрезентативка на Србија.

Таа со гордост го носела знамето на својата земја на меѓународни натпревари, а државен рекорд држи на 50 километри брзо одење со време од 4:30,43 часа.

Душица постигнала значајни резултати и на Европското првенство, каде што во конкуренција на четириесет натпреварувачки го освоила деветтото место.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....