01:48 - 11 ноември, 2026

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

Откако пред неколку месеци имаше тешка операција, македонската пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ објави дека е пак во болница во Германија.

Станува збор за убавата пејачка од Битола Марија Груевска, сега Марија Стојаноски. Македонската пејачка, позната по успехот во српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ беше итно оперирана во Минхен, Германија на крајот од ноември, каде што сега живее.

Фото/Фејсбук

Новите слики од Марија од болница покажуваат дека таа имала операција на носот, а во објавите вели дека имала големи отоци. На неколкуте приказни кои ги објави на социјалните мрежи, таа вели дека поради операцијата на носот и големите отоци била неколкиу дена во болница.

Фото/Фејсбук

Во ноември лани, Марија поминала низ многу тежок период, откако ѝ била дијагностицирана нефункционална вена, која морала итно да се отстрани. Како што објави „Гранд“, таа била оперирана во Германија, каде што процедурата била успешно извршена.

Фото/Фејсбук

Марија ја потврди информацијата за „Гранд“ и откри како се чувствува по операцијата.

-Точно е, се оперирав. Ми ги извадија вените, една главна и неколку помали. Главната вена беше нефункционална, не пумпаше крв и не можеше да остане така, па мораа да ја отстранат. Ме сечеа на 18 места, но заврши- изјавила Марија за „Гранд“.

Фото/Фејсбук

Во јули во 2022, Марија Груевска се омажи за партнерот Синиша Стојаноски. Како што претходно најави пејачката, свадбата траеше три дена. Уште првиот ден имаше 600 гости, а меѓу нив беа и колегите од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски и Марио Арангеловски.

Фото/Фејсбук

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....