18.8 C
Скопје
02:38 - 27 јули, 2024

(Фото) Ѕвездата на „Аквамен“ Џејсон Момоа ја потврди својата романса со позната актерка: „Ти си остварен сон, ми го разнесе умот“

Актерот заедно со својата девојка и пријателите заминале во Јапонија каде одлично се забавувале. Ова е прва сериозна врска на Џејсон по разводот со Лиза Бонет.

44-годишниот американски актер и режисер Џејсон Момоа, кој беше сингл по разводот со 56-годишната Лиза Бонет, повеќе не е „сингл“. Ѕвездата на „Аквамен“ не само што започна афера со 32-годишната актерка Адрија Арјона, туку на Инстаграм објави и нивни заеднички фотографии од Јапонија, што во суштина и официјално ја потврди нивната врска.

Џејсон во Јапонија одлично се забавувал не само со својата љубовница, туку и со пријателите моторџии со кои се возел по патиштата.

Во еден од кадрите ја прегрнува девојката и се смее на камерата. На друга фотографија се гледа како таа позира пред знакот Harley-Davidson Bicycles во вечерните часови.

„Јапонија, ти си остварен сон, ми го разнесе умот. Многу сме благодарни на сите што ги отворија своите домови, правејќи спомени со новите и старите пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со mi amor. Мотоциклите и хаосот се во движењето. Здраво на сите!” – напиша глумецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Џејсон навести дека неговото срце повторно е освоено за време на говорот кој го одржа во Бесингсток. На прашањето дали е осамен, актерот одговори:

„Во многу сериозна врска сум. Ќе дознаете многу брзо. Во врска сум веќе некое време”.

Џејсон со новата девојка, инстаграм

Адрија се преселила во Мајами на 12-годишна возраст и живеела таму до својата 18-та година, по што се преселила во Њујорк, каде што работела како келнерка и водителка додека студирала глума во Театарскиот и филмскиот институт Ли Стразберг. Таа се омажила за своето долгогодишно момче, порториканско-американскиот адвокат Едгардо Каналес во 2019 година. Таа е позната по улогите во True Detective (2015), Emerald City (2017), Pacific Rim 2 (2018), Bix Kalin во Andora (2022) Актерката глуми со Глен Пауел во филмот „I Am Not Hitman“ во 2023 година , играјќи ја неговата љубовница Меди Мастерс.

Новата романса на Џејсон со актерката доаѓа нешто повеќе од две години откако тој и неговата поранешна сопруга Лиза, кои беа во брак четири години и заедно повеќе од десет, се разделија. Во Меѓувреме и Адрија се разведе од сопругот адвокат.

Милионерите од српската естрада! Цеца заработува милиони, но и ги троши: Еве кој е најбогат

 

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....