17:37 - 8 ноември, 2026

(Фото+видео) Најголемиот фраер од 90-тите: Еве како изгледа денес дрвосечачот од спотот на Цеца за „Иди док си млад“

Манекенот Ѓорѓе Дувњак, кој пред повеќе од две децении стекна огромна популарност благодарение на главната улога во спотот за песната „Иди док си млад“ на Светлана Ражнатовиќ – Цеца, и денес останува едно од најзапаметените машки лица од регионалните музички видеа.

Спотот, објавен пред 25 години, предизвика вистински бран реакции, а женската публика долго време го паметеше згодниот дрвосеча кој Цеца го „открива“ во шумата и го носи во големиот град. Дувњак тогаш имал само 23 години и беше еден од најуспешните манекени на нашите простори.

Пејачката неодамна во „Викенд премиера“ откри дека по многу години повторно се сретнала со него и тоа сосема неочекувано.

„Пеев на концерт во Австралија, веќе бев многу уморна и во еден момент ги затворив очите за да ја почувствувам емоцијата. Кога ги отворив, го видов момчето од спотот ‘Иди док си млад’, токму додека ја пеев таа песна“, раскажа Ражнатовиќ.

По настапот, Дувњак ѝ пријде зад сцената.

„Дојде и ми рече: ‘Добро вечер, Цецо’. Ми кажа дека е оженет и дека живее овде, во Австралија“, додаде пејачката.

По почетокот на 2000-тите, Ѓорѓе Дувњак се преселил во Австралија, каде што засновал семејство и продолжил со сосема поинаков, повлечен живот далеку од јавноста. Од тогаш не се вратил да живее во Србија, а денешниот изглед значително му се променил, велат оние што го виделе.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....