12.8 C
Скопје
00:31 - 25 април, 2024

(ФОТО) СЕ СПАСИЛ ОД ДЕПРЕСИЈА ФОТОГРАФИРАЈЌИ ВЕРВЕРИЧКИ: Многу сум среќен и секогаш сум насмеан

верверички

Ники Колмонт имал тешко детство, но во 2016 година нашол нешто што го исполнува и мотивира, а тоа е сликање верверички. Неговите фотографии се навистина посебни, а верверичките „позираат“ со најразлични реквизити, пренесува „Bored Panda“.

34-годишниот Ники живее во малото село Диепенбек во Белгија. Роден е во Руанда во 1986 година, и кога започнала војната во Руанда, тетка му ги донела со сестра му во сиропиталиште за посвојување.

Тогаш имал само четири години, а неговата сестра имала 9. Ники имал тешко детство. Тој никогаш не ги запознал своите вистински родители – неговата мајка починала при породување, неговиот татко починал во војната, а пред две години ја загубил и својата сестра.

Она што во моментов му носи среќа во неговиот живот е фотографирањето верверички во градината на бабата на неговата девојка. Почнал да се занимава со фотографија во 2016 година без никаков курс или образование. Како што вели, тој е самоук фотограф.

„Кога во градината ја видов првата верверица веднаш отидов во продавницата и купив хранилка за верверички. Ставив излупени ореви во неа. Чекав два месеци, а потоа се случи магија. Првата верверица научи да ја отвора хранилката, а пет дена подоцна две нови верверички го направија истото. Бев толку среќен. За мојот 30-ти роденден купив телеобјектив што почнав да го користам на камерата и шатор за да можам да ги набљудувам“, раскажува Ники.

Купувањето на тие две работи му отвориле нов свет полн со можности.

„Почнав да добивам секакви идеи. Мојата цел беше да ги доведам вервериците во специјални пози без да користам „Фотошоп“. Можам да кажам дека почнав да размислувам на начин на кој сигурно никој друг не размислува. Почнав да поставувам храна која не се гледа на фотографиите. За 4 години фотографирање верверички, фатив толку многу магични моменти што никогаш нема да ги заборавам“, додава тој.

Како што вели Ники, тој е инспириран од фактот дека може да биде свој.

„Тоа е одличен начин за мене да ги изразам своите чувства. Многу сум среќен и секогаш сум насмеан и тоа е чувството што сакам да го прикажам на моите фотографии“, вели тој.

Ники сподели неколку совети за секој што сака да се занимава со фотографија.

„Ако сакате да станете фотограф, обидете се да не се плашите од грешки. Дури и да пропуштите, секогаш постои следен пат да се обидете повторно, поради што не треба да се откажувате од обидите да ги постигнете своите цели“, тврди Ники.

Еден од неговите омилени моменти како што вели е кога снима некоја смешна сцена и не може да се насмее за да не ги избрка верверичките. Потоа, вели Ники, се смее на „тивко“.

Тој поминувал и до пет часа дневно гледајќи ги верверичките.

„Се разбира, имаше денови кога ништо не се случуваше. Важно е да не се откажувате и секогаш да се враќате назад и да се обидувате да ја направите фотографијата што ја имате на ум. Во моментот кога почина сестра ми, бев скршен, не сакав да ја земам камерата во раце долго време. На крајот, ја најдов моќта повторно да ја фотографирам природата“, вели Ники.

Најскапоцената фотографија што некогаш ја направил била фотографијата на која верверица држи вуду маска.

Ники не користел „Фотошоп“ за таа фотографија, туку ставил храна зад маската. Тој вели дека му биле потребни четири часа за да ја направи таа фотографија.

„Некако развив посебна наклонетост кон верверичките. Ги сметам за совршени модели. Тие можат да направат многу работи што можат да ги направат и луѓето. Слатки се, љубопитни, упорни и многу паметни. Целта на моите фотографии беше да им покажам на луѓето што може да се постигне без „Фотошоп“ и колку навистина се паметни верверичките. Се надевам дека моите фотографии ќе донесат радост за многумина што ги гледаат“, вели овој фасцинантен фотограф.

За да ја направи фотографијата што е можно подобра, Ники прво оди во продавница да бара реквизити што одговараат на големината на верверичките. Потоа започнува подготовката.

„За да добијам совршена фотографија од верверица со одреден реквизит ми треба многу време и трпение. Почнувам да ги хранам три пати неделно на посакуваното место за полека да ги запознаам со местото на настанот. Кога ќе успеам и кога ќе ја направам фотографијата, дури тогаш забавата започнува на мојот компјутер каде што ги уредувам фотографиите“, вели Ники.

Кога фотографирал верверица со диносаурус, му биле потребни три дена за верверицата да добие доверба во играчката и да се доближи до неа.

Ники вели дека не заработува од овие фотографии. Како што вели, тоа е негова страст и го прави тоа затоа што го сака.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....