24.8 C
Скопје
12:53 - 30 мај, 2026

СОВЕСНА МАЈКА: Гвинет Палтроу откри какви секс совети им дала на своите деца

гвинет палтроу

Иако за многу родители е голем проблем кога ќе дојде моментот да разговараат со своите деца за најинтимните работи, холивудската актерка Гвинет Палтроу вели дека го прави тоа без напор, и со задоволство ги споделува своите совети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Холивудската актерка, која со својот поранешен сопруг Крис Мартин има 17-годишна ќерка Епл и 15-годишниот син Мојсес за „Entertainment Tonight“ прозборе за темата која за многумина е табу. Во таа прилика, откри како разговарала со своите деца за сексот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Како што рече, се обидува да ги охрабри своите деца секогаш да бидат верни и искрени кон себе.

„Се обидов да бидам неутрална во врска со тоа. Мислам дека целата моја генерација порасна така што разговорот за сексот беше нешто поради кое се чувствувавме лошо“, откри 49-годишната Гвинет, додавајќи дека таа е секогаш им стои на располагање на своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Палтроу исто така е убедена дека и Епл и Мојсес за поголемиот дел за овие работи разговараат со своите блиски пријатели, на кои можат полесно да им се доверат.

„Се обидувам да бидам љубопитна, иако тинејџерите никогаш не сакаат да разговараат со своите родители за секс. Но, јас се обидувам да ги следам и за среќа, тие имаа прилично темелен час за сексуално образование на училиште, па можам да кажам дека училиштето си го одработи најголемиот дел од тоа. Бев тука за сите недоумици“, открива актерката.

 

Кога станува збор за љубовта и сексот, Палтроу ги советува своите деца да им веруваат на нивните инстинкти и да донесуваат одлуки врз основа на тоа како се чувствуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Инаку, Гвинет зборуваше и за својот сексуален живот во новиот документарец на Нетфликс „Sex, Love & Goop“, чија премиера е најавена за 21 октомври.

Слични објави

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.

„Тогаш почна пеколот…“: Анабела и Гаги Ѓогани проговорија за тешкиот период со зависностите

Еспресо

„Мислеа дека сум се удавила во Дрина“: Неда Украден откри како бегала од осаменоста

Т.Ц.

„Бев тажна во длабочината на душата“: Милица Тодоровиќ му се обратила на Новак Ѓоковиќ кога ѝ било најтешко

Еспресо

Хороскоп за 30 мај: Скорпиите ќе бидат нервозни и ќе се караат, Лавовите ќе имаат убав љубовен живот

Еспресо

(Фото) Сексапилната Украинка можеби нема богата актерска кариера, но секогаш е ѕвезда на гламурозните настани

Т.Ц.
Се вчитува....