22:17 - 9 ноември, 2026

АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ ПРОЗБОРЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ И ВАКЦИНИТЕ:

анастасија ражнатовиќ

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ откри какво било нејзиното искуство во борбата против коронавирусот. Ќерката на Цеца вели дека е страшно што „умираме од болест од која не треба да умреме“, но не ја криеше ниту гордоста на својата татковина што навремено обезбеди вакцини, пренесува „Мондо“.

„Секако дека се вакцинирав“, вели Анастасија објаснувајќи зошто го направила тоа:

„По хоророт што ја зафати целата планета, само размислував до каде е решението. Штом се појави вакцината, знаев дека ќе бидам меѓу првите што ќе застанам во ред за да ја примам и на тој начин ќе покажам одговорност кон себе и кон моето семејство, и кон сите луѓе. Ова е 21 век и логично е да се очекува дека кога веќе се појави пандемија, дека медицината ќе одговори во најкус можен рок на најдобар можен начин“, вели Ражнатовиќ.

Српската пејачка воедно откри и за која вакцина се одлучила.

„Ја примив вакцината на „Синофарм“ затоа што тоа беше период кога малку се знаеше за сите вакцини, па се водев по логика… Класична вакцина, направена од оние каде што започна вирусот и бев сигурна дека нема да имам никакви реакции. Сега би ја примила било која која е одобрена од страна на нашата држава и Светската здравствена организација“, открива таа.

Бидејќи и самата се заразила со коронавирус, Анастсија открива како ја совладала борбата против болеста.

„За жал, се заразив со коронавирусот, но за среќа помина речиси без никакви симптоми. Тоа не го промени мојот став и моето мислење за ковид. Многу од моите пријатели и познаници не поминаа толку лесно со вирусот и бев свесна дека може да се инфицирам по втор пат, а можеби и да поминам сосема поинаку, така што немав дилема дали се вакцинирам или не“, додава Ражнатовиќ.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....