19.8 C
Скопје
12:17 - 19 октомври, 2026

(Фото) Салон за 1.600 фунти на час: Каде принцот Хари поминал време пред да лета за САД

Принцот Хари оваа недела долета во Лондон за да го посети својот татко, кралот Чарлс, кому му беше дијагностициран рак. И иако пристигна со редовен лет, а не со приватен авион, принцот не очекуваше да се вмеша меѓу „обичните смртници“. Тој ги искористи сите поволности што му беа понудени во ВИП-салонот од 1600 фунти на час во Хитроу. За ова пишува Дејли Мејл.

Цената на престојот во ВИП салонот е 1.600 фунти на час. На гостите им се нуди мени со Мишелин ѕвезда, а за нивните каприци се грижат приватни готвачи, келнери, батлери и 96 вработени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heathrow VIP (@heathrowvip)

Приватниот Windsor Suite е местото каде што престојуваат членовите на кралското семејство и познатите личности пред да тргнат на патување.

Овој вип-салон го користеле и други личности од висок профил, вклучувајќи го папата и поранешниот премиер Борис Џонсон. Во салонот Виндзор престојуваат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heathrow VIP (@heathrowvip)

Војводата од Сасекс прелетал 8.000 километри за да го посети својот татко откако му бил дијагностициран рак. Тие имаа краток состанок од 45 минути во Кларенс Хаус.

Потоа, принцот Хари ја поминал ноќта во хотел во Лондон и се вратил во Калифорнија, поминувајќи само еден ден во својата татковина. Тој не се сретна со својот брат, принцот Вилијам.

Но, пред да се качи во авионот, Хари ги искористил сите привилегии на еден богат човек и го чекал својот лет во ВИП салонот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heathrow VIP (@heathrowvip)

 

 

 

Слични објави

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо
Се вчитува....