36.8 C
Скопје
15:05 - 11 септември, 2026

(Фото) Рускиот рапер што настапи на свадба кај Мијалкови, ѝ купи „Порше“ на саканата: „Продолжи да ме испраќаш во вселената“

Моделката Валентина Иванова, девојката на 40-годишниот популарен рапер Тимати (чие вистинско име е Тимур Јунусов), се пофали на социјалните мрежи дека наполнила 20 години и по повод роденденот уметникот ѝ подарил автомобил Порше. „Ти благодарам, љубов моја, продолжи да ме испраќаш во вселената“, напиша убавицата на својот Инстаграм профил.

Во коментарите под видеото на социјалната мрежа Инстаграм во кое е прикажано како Валентина го добива скапиот подарок, многумина пишуваат дека Иванова не изгледа на 20 годишна, туку на најмалку 30-годишна, додека некои забележаа и дека лично се запознале со манекенката, па дури и студирале со неа и дека саканата на Тимати има 28 години.

Валентина, Инстаграм

На Телеграм (социјална мрежа популарна во Русија) се зборува и за подарокот на раперот и за возраста на неговата девојка. „Во зависност од конфигурацијата, еден од овие автомобили чини во просек 20-30 милиони рубли (односно 200 до 300 илјади евра). Секој би сакал таков прекрасен подарок на 20 години. Или на 30? Валентина продолжува упорно да кажува на социјалните мрежи дека наполнила 20 години. Според гласините, девојката темелно ја исчистила својата биографија и всушност е 10 години постара“, пишува на телеграм профилот „Тољко никому“.

принтскрин

Инаку, ултрапопуларниот руски рапер Тимати, пред неколку дена присуствувал на свадбата на Јордан, синот на Сашо и Александра Мијалкови и одлично ги забавувал помладите гости до раните утрински часови.

(Фото) Што се јадело и пиело на свадбата на синот на Мијалков: Од сицилијански ракчиња до италијанска паста со јастог и шампањ „Кристал“

Слични објави

Ова е вистината за дијагнозата на Јелена Томашевиќ

E.A.

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо
Се вчитува....