Ситуацијата со Новак Ѓоковиќ ја дигна планетата на нозе и секој кој е некој, па дури и тие што се никој имаат што да кажат за ситуацијата на тенисерот.
Семејството Ѓоковиќ организираше конференција во понедленикот на која се појави намладиот Ѓорѓе, за кој женската популација „полуди“и веднаш го опсипа со комплименти на социјалните мрежи. Покрај него, преплавен со убави зборови беше и Марко Ѓоковиќ, кој не беше на конференцијата, но со своите објави на социјланите мрежи освојува.
На голема жалост ама, на бројните обожавателки, Марко не се експонира многу и води мирен живот во Марбеја каде работи на тениска академија. „Инстаграмот“ му е сиромашен со објави, откако почна гонењето на Новак, тој објави фотографија од нивното детство.
„Ти благодарам за твојата љубов, твојата душа, твојот дух.. Ти благодарам што сте вистински, целосно искрен. Ти благодариме што остана силен и со добар хумор.. Ти благодарам што се бориш за сите нас, што ги претставуваш луѓето..Ти благодарам што ни покажа дека има надеж во овие тешки времиња..Ти благодарам што не само што ни покажа надеж, туку ни даде јасен пат и сила да одиме со полна брзина и да не застануваме!“, продолжува објавата:
ТИ БЛАГОДАРАМ конечно што ни покажа дека сме 8 милијарди луѓе на оваа прекрасна планета Земја и дека сите заслужуваме еднаков третман, дека сите сме ЕДНО. и дека заедно имаме моќ да си помагаме едни на други во овие тешки времиња, и да растеме кон оваа емпатија, почит, прифаќање и конечно ЉУБОВ!!
View this post on Instagram
Инаку, Марко Ѓоковик живее во Шпанија и е во врска со бризилката Летиција Тесари која е модна дизајнерка.