21:55 - 3 ноември, 2026

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Пејачката Дара Бубамара се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во тексас-комплет и привлече внимание со својот изглед.

Иако доби комплименти за стајлингот, таа истакна дека негативните коментари воопшто не ја засегаат и дека се чувствува опуштено и пријатно.

„Има доста хејтери, но штом се зборува, значи дека тоа е добро. Хејт-коментарите ми се смешни. Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб. Мукчиња, тоа е сè. Очигледно оставам впечаток кога коментираат“, рече Дара.

На прашањето дали се согласува со стиховите од песната на Вера Матовиќ, пејачката со насмевка одговори:

„Јас нема да одам во рај. Тоа ли е песна? Аха, тоа е песна! Вера Матовиќ ја обожавам. Вера, извини! Навистина многу ја сакам“, изјави таа.

Во разговорот беше спомената и Светлана Цеца Ражнатовиќ, па присутните забележаа дека двете често доаѓаат на снимањата во исто време.

„Затоа што секогаш доаѓаме во последен момент“, низ смеа додаде Дара.

Пејачката неодамна зборуваше и за својот љубовен живот, откривајќи дека е во врска со помлад маж.

„Многу ми е убаво, мислам дека го најдов партнерот кој ме исполнува емотивно и со внимание. Енергетски сме слични, знае да ме смири кога треба и да разговара со мене. Не сакам премногу да зборувам за приватниот живот, не затоа што кријам нешто, туку затоа што знам што ми се случувало во претходните врски“, рече Дара.

Таа додаде дека веќе го запознала својот син со избраникот, но сепак сака да ја задржи интимата подалеку од јавноста.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо
Се вчитува....