7.8 C
Скопје
00:05 - 26 април, 2024

ВЕДРАНА РУДАН ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ, ЈАДРАНКА КОСОР И ДИСКРИМИНАЦИЈАТА: Слепо верував во вакцини, епидемиолози, теории за соеви, денес сум сигурна дека…

Хрватската писателка Ведрана Рудан ја коментираше моменталната ситуација со Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

Федералниот суд во Мелбурн ја поништи одлуката на австралиската влада за укинување на визата за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и нареди негово ослободување. Иако судот пресуди во корист на Ѓоковиќ, владиниот адвокат Крис Тран изјави дека министерот за имиграција на Австралија би можел да го преиспита укинувањето на визата на Ѓоковиќ.


Агонијата продолжува , а за тоа време хрватската писателка Ведрана Рудан проговори и во свој стил ја коментираше актуелната ситуација.

„Јадранка Косор, нашата поранешна премиерка, е нечесна личност. Живее во стан украден од две српски момчиња кои беа иселени од центарот на Загреб по смртта на нивните родители само затоа што се Срби. Едно од момчињата изврши самоубиство, но тоа никогаш не ја вознемирило госпоѓата бидејќи се било „според законот“ Таа не е единствената која во Хрватска моментално фрла со дрвја и камења по Ѓоковиќ, „антиваксерот.Сите тие коментатори забораваат дека Ѓоковиќ доби виза“ – изјави Рудан во интервју за „Блиц“, одговарајќи на прашањето за Новак Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

„Заебавањето на Ѓоковиќ е чист политички чин. Австралискиот премиер се обидува да добие неколку политички поени пред избори со „случајот Ѓоковиќ“ Интересно е што на Надал му се прогледа низ прсти. Црнецот Џејмс Овенс, славниот американски атлетичар, беше ѕвезда на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Освои четири медаљи, но Хитлер не бил воодушевен со неговиот триумф. Приказната за Џоковиќ е приказна за Хитлер и после Хитлер. Срамотно, но толку типично за новиот свет.„Законот е ист за сите. Законот никогаш не бил ист за сите и никогаш нема да биде ист. Ѓоковиќ направи се „според законот“ – изјави Рудан во интервју за „Блиц“, дополнувајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igrač Više (@igrac.vise)

„Се прашувам за она за кое ретко кој се прашува, колку било „по закон“ да се забрани на руската тенисерка да влезе во Австралија, иако таа беше вакцинирана, но, сирота таа, со Спутник која Австралијците не ја признаваат. Денес да бидеш вакциниран, значи да бидеш вакциниран со Фајзер. За таа дискриминација не пишуваат странските колумнисти. За нив тоа е „по закон“ – додаде таа.

 

 

Писателката во интервјуто дополнува дека има доверба во Новак Ѓоковиќ.

„Позната сум како жена која веруваше во вакцината. Три пати сум вакцинирана со Синофарм, за среќа не одам во Австралија бидејќи и мене би ми била затворена вратата. Затоа не можам да одам во Трст. Колку и да потенцираат голем број светски медиуми колку е арогантен Ѓоковиќ и како требало да ги почитува правилата, мислам дека им пречи на моќниците од сосема други причини. Ѓоковиќ се спротивставува и поставува прашања“, изјави Рудан во интервју за „Блиц“, дополнувајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic 🇷🇸 (@jokerno1e)

„Послушноста денес се цени повеќе од кога било. Сите граѓани на светот имаат демократско право и должност да не размислуваат за себе. Затоа треба да му се отсече главата на Ѓоковиќ. Јас верувам во него. Тој не би бил во оваа ситуација да беше арогантна будала. Ние сме будали кои слушаме несомнено“ – а потоа на сето ова додава во интервјуто за „Блиц“

„Слепо верував во вакцини, епидемиолози, теории за соеви, денес сум сигурна дека во игра е огромна сума на пари која оди во џебовите на неколку бандити од фармацевтската индустрија. Како да се вакцинираме, обичните луѓе и да си објаснуваме дека сме направиле се „по закон“, а се повеќе болни, болниците се распаѓаат, мртвите немаат каде да ги стават, а работното место – гробар е моментално најбарана во Хрватска“ – изјави Рудан.

Извор: Блиц.рс

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....