19:36 - 24 ноември, 2026

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Некогаш еден од најпопуларните пејачи од помладата генерација, Милан Станковиќ во изминатите години се повлече од јавноста. За неговиот живот денес малку се знае, а самопрогласениот „бог на веѓите“ Адам Адактар неодамна зборуваше за нивната соработка.

Милан отсекогаш водел сметка за изгледот, па така меѓу првите на регионалната јавна сцена имаше фарбана руса коса и стил сличен на американските ѕвезди.

Адам изјави дека Станковиќ го контактирал бидејќи сакал кај него да направи тетовирање на веѓите, но потоа наводно се навредил затоа што услугата му била наплатена.

– Ми пиша во порака и рече: „Ги сакам твоите веѓи“, го повикав, девојките на крај му наплатија, тој се навреди. Ете, сега кажав. Глупост. По тоа повеќе не се слушнавме – рече тој, па истакна дека сепак има убаво мислење за него.

– Феноменален. Не знам каде исчезна човекот, но беше предвесник на многу работи. Браво за него! Некако беше српскиот Џастин Бибер – заклучи Адам во изјава за „Хајп“.

Слични објави

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.
Се вчитува....