13:37 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ова е глумицата во улога на Кејт Мидлтон во „Круната“: Неверојатна сличност меѓу Мег и принцезата од Велс

Наскоро пристигнува најочекуваната сезона на серијата на Нетфликс „Круната“ (The Crown). И не само затоа што е последна. Шестото поглавје од серијата, сместено помеѓу 90-тите и раните 2000-ти, ќе ги прикаже последните денови од животот на принцезата Дијана, од крајот на нејзиниот брак со Чарлс до трагичната несреќа.

Но не само тоа: во шестата сезона на The Crown ќе ги има и Вилијам и Кејт, во млади денови. Ќе ја видиме, на пример, сцената на почетокот на нивната љубов во Кембриџ, и запознавањето за време на студентските денови. За да го глуми Вилијам ангажирани се двајца глумци, Руфус Кампа кој ќе ги глуми младиот Вилијам (до 16 години), а потоа Ед Меквеј за неговата повозрасна верзија.

Но, кој ќе ја глуми убавата Кејт?

Мег Белами, ќе ја игра Мидлтон од раните 2000-ти, оние во кои го запозна принцот. Ова е апсолутно професионално деби за актерката, која на само 19 години се подготвува да игра водечка улога во една од најпопуларните серии во моментот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meg Bellamy (@megkbellamy)

Вистински сон за неа, која во септември минатата година на својот Инстаграм ја објави веста, нагласувајќи колку е почестена што се приклучува на таквата неверојатна екипа. По потекло од Беркшир, младата Мег го заврши своето средно образование во училиштето Сент Криспин во Вокем минатото лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meg Bellamy (@megkbellamy)

На фан страницата на Инстаграм на „Круната“ веќе се објавени први фотографии од сетот.

И – ќе признаете – сличноста на Мег со Кејт е неверојатна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown — Brasil. (@thecrownfas)

 

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....