13:44 - 7 ноември, 2026

(Фото) Носталгична приказна од Сузана Спасовска со ќерка ѝ Теона

Носталгична фотографија од Сузана Спасовска се појави на социјалните мрежи. Сликата е многу стара, но многу вредна.

На неа е Сузе национале со својата ќерка Теона, кога била многу мала, на насловната страница на тогашната ревија „Екран“. Сузана е со својот препознатлив оригинален имиџ, а Теона со кукла во рацете.

На 30 септември во 2020 година Сузана Спасовска која е првенка во ансамблот „Танец“ стана баба. Нејзината ќерка на свет ја донесе малечката Клара.

Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ и со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“. Клара наскоро ќе полни 5 години, а се роди на празникот Вера, Надеж и Љубов.

Сузана Спасовска на насловната страница на ревијата „Екран“ со ќерката во 1997 година Фото/ Фејсбук

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....