06:17 - 29 ноември, 2026

(Фото) Кога се појави во спот на Цеца, жените полудеа по него, а денес е уште поголем фраер!

Никола Павловиќ се прослави пред 28 години кога се појави како модел во спот на пејачката Цеца Ражнатовиќ за песната „Љубав фатална“. Во далечната 1995 година, кога Цеца сними спот за нејзината песна, Никола го привлече вниманието со својот изглед, поради што девојките лудуваа по него, но тој потоа се повлече од јавниот живот.

принтскрин

Во меѓувреме, Никола почна да ја гради својата пејачка кариера, но по првата песна што ја сними во 2005 година, развојот на кариерата го стави на „стенд бај“. По речиси две децении, Никола сними песна напишана за сега починатиот Роѓа Раичевиќ.

„Ги сакав неговите песни „Ја имам тебе“, „У теби сам заљубљен“. Луѓето тогаш масовно ми зборуваа „човече, како потсетуваш на Роѓа“. Потоа се пуштив себеси да се чујам, и баш се наежив. Таа боја на гласот манирите, а не го имитирам. Едноставно тоа е тоа, сакам да пејам балади. Лично бев и другар со него, седевме и пиевме кафе. Тој за жал трагично заврши. Се намести така судбински таа песна да дојде до мене – вели Никола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Pavlovic (@fatalnik)

Никола во разговор за српски „Телеграф“ се присети и на далечната 1995 година кога сними спот со една од најголемите балкански ѕвезди, Цеца.

„Тоа беше нејзина пресвртница, тие песни „Неудољив, неумољив“, „Љубав фатална“. Супер беше кон мене и денес кога ќе се видиме убаво се поздравуваме“, објаснува Никола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Pavlovic (@fatalnik)

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....