00:16 - 29 ноември, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон во тесен црвен фустан и обетки на Елизабета Втора блесна на прием во палатата

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон на годишниот дипломатски прием во Бакингемската палата носеше црвен фустан и обетки од покојната кралица Елизабета Втора.

Вчеравечер (вторник, 6 декември), во Бакингемската палата се одржа годишниот прием за дипломати. Настанот последен пат беше организиран од кралицата Елизабета Втора во 2019 година, но беше одложен во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Кејт Мидлтон блесна во црвен фустан – креација на англиската дизајнерка Џени Пакам. Од накит, принцезата од Велс ја избра дијадемата наречена Лотус, која веќе ја носеше во 2015 година на вечерата со кинескиот претседател Си Џинпинг, и обетки кои некогаш ѝ припаѓаа на Елизабета Втора.

Во меѓувреме, Меган Маркл и принцот Хари во Њујорк присуствуваа на гала вечера организирана од Центарот за човекови права Роберт Ф. Кенеди каде што беа почестени со награда за борба против расизмот.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....