11:33 - 7 ноември, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон блесна на Божиќниот концерт во бордо нијанса: Широки насмевки наспроти аферите од „Хари и Меган“

Елеганцијата на бордо нијансата е одличен избор за да ги заборавите домашните „војни“. Кејт Мидлтон пристигна сама неколку минути порано во Вестминстерската опатија за да ги пречека гостите на „Заедно на Божиќ“, божиќниот концерт организиран од принцезата од Велс. Од капутот па се до чевлите Кејт покажа координирана нијанса од глава до пети, вклучувајќи ги дури и обетките.

Нијансите на бордо одлично ја носеше на божиќната манифестација и малата Шарлот која изгледаше како мини верзија на нејзината мајка. И вратоврската на Вилијам исто така беше во нијансата на „моментот“, не многу различна од бојата на Пантоне 2023 – Viva Magenta.

Сигурно не му било лесно на британското кралско семејство да им се насмевне на фотографите додека целиот свет зборува за аферите што ги открија војводите од Сасекс во серијата на Нетфликс, Хари и Меган. Сепак, Вилијам и Кејт ги усогласија своите убави модни комбинации со најдоброто од нивните насмевки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @the_kate_effect_22

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....