12.3 C
Скопје
05:54 - 30 септември, 2026

(Видео) Нова песна од Бојана за сите жени-кралици: „Заслужувате забава и позитивни мисли“

„Ми треба“ е насловот на новата песна на Бојана Скендеровски, со која таа реши да ја заокружи музичката приказна што годинава во јануари започна да ја раскажува со темата „Зад завесите“, па преку „Среќа и несреќа“ ја продолжи со „Сонце меѓу сенките“. Станува збор за ведра, весела тема со, како што вели Бојана, труби – композиција каква одамна посакувала.

Песната веќе стандардно кога е Бојана во прашање ја има во две верзии – македонска и српска (српската е со наслов „Докажи“). Комплетен автор е Саша Милошевиќ – Маре, додека за препевот се погрижи Огнен Неделковски. Видеото, пак, е работено под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц, а по сценарио на Васко Скендеровски.

Дел од видеото освен Бојана се и многу јавни личности и нејзини драги пријатели. Така, главните улоги ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива и Вики…

„Текстот е феминистички, па затоа песната им ја посветувам на сите жени, мајки, кралици, кои се издржливи, силни и точно знаат што сакаат во животот. Оваа година сакав да ја заокружам со една моќна и ведра песна која ќе ги размрда сите, затоа што сите заслужуваме малку забава, уживање и позитивни мисли“, вели Бојана.

На синоќешната промоција Бојана освен што на јавноста ѝ ја претстави новата песна, откри дека со исто темпо продолжува и во следната година, како и дека веќе се работи на дует со колега од соседството, но и дека ќе работи на тоа да си ја оствари желбата за солистички концерт.

Уживајте во песната, дозволете да ве размрда и наполни со позитивни мисли и убава енергија.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....