14:45 - 13 ноември, 2026

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Маја Гроздановска – Панчева сподели ретка слика од времето на 2000-тите заедно со Сергеј Варошлија кој се запраша: „Кај одиме вакви?“.

Познатиот стилист и водител ​сподели фотографија од пред многу години, која пејачката ја реобјави на својата инстаграм-приказна.

На сликата двајцата се во препознатливиот стил на раните 2000-ти, каде доминираат фармерки со низок струк, впечатлив накит и бели јакни.

Фото/Инстаграм

​Сергеј, кој денес важи за еден од најстрогите модни критичари кај нас, не одолеа да се пошегува на сопствена сметка и на сметка на својата долгогодишна пријателка.

​„УФФФФ КАЈ ОДИМЕ ВАКВИ… НИ САМ НЕ ЗНАМ “, напиша тој на фотографијата.

Маја, која и денес важи за една од најубавите жени на нашата сцена, на фотографијата носи леопард принт и карактеристична фризура за тој период.

Другите заеднички слики кои ги споделија се од снимањето на спотот за хитот „Мачка со 9 животи“.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....