17.8 C
Скопје
22:50 - 10 мај, 2026

(Фото) Илина Арсова се врати од Америка и доживеа непријатна случка на планина

Илина Арсова, која веќе три години живее во Америка, и е на докторски студии на Универзитетот Тенеси во САД каде што и предава, се врати во Македонија.

Нашата позната планинарка и уметница која има освоено многу врвови, го освои и срцето на познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, но таа љубов поради далечината меѓу нив заврши.

Илина изминативе денови објавуваше фотографии и видеа од нејзиниот омилен Лагадин во Охрид каде што има куќа, а меѓу нив се и видеата како вежба.

Фото: Фејсбук принтскрин

Но, една непријатна случка доживеала нашата позната планинарка на Шара, која целосно ја раскажа на својот фејсбук-профил.

„Минатиов викенд бевме на Шара каде учествував во планинскиот настан Прошарај по Шара организиран од ентузијазмот и љубовта кон планината на @sharam_mk & @sannnnnnnnm. Имав можност да се сретнам и дружам со прекрасни луѓе, и да се претставам со мала ликовна изложба: Патеписи инспирирани од планините… Не само од убавиот пејзаж туку и од загадувањето и уништувањето на истите од страна на човекот.
Сепак, како најубав момент ќе ја издвојам дружбата со моите родители и мили пријатели Влатко, Ива, Јана и прошетката до врвот Лима. Имено, моите родители се мојата врска со Шара бидејќи на само две-три годишна возраст тие нè носеле сестра ми и мене на скијање на Шапка.
Е сега, имаше и разочарувања. Кога стигнавме до местото за одмор таму пристапи џип со уште неколку луѓе. Додека тие се фотографираа и правеа пикник, возилото беше оставено запалено со што предизвикуваше и воздушно и звучно загадување. Ги замолив да го изгасат моторот, тие се зачудија и дрско прашаа зошто тоа ни смета. По кратки преговори, го изгаснаа моторот од возилото, за што им благодарам.
Илина Арсова со родителите и со пријател на Шара (Фото: Фесјбук)
Огромно разочарување беше да ја видам планината покриена во лузни. Развојот на туризмот и активности ДОЗВОЛЕНИ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК е строго одговорна задача. Ратраците во зима направиле подлога за дивеење на 4х4 возила во лето кои само ги продлабочуваат и прошируваат овие неповратни лузни на планината. Додека пак, зголемената конструкција на објекти, џамии и што уште не, неповратно ја деградираат естетската вредност на пејзажот.
Луѓето не се свесни дали некому му го нарушуваат мирот со нивното присуство и одлуки да прават што ним им одговара. Не само што денешниот човек е игнорантен кон живиот свет и биодиверзитет, но и кон другите луѓе околу себе, а тој недостиг на солидарност води кон распад и разор во нашето мултиетничко општество. Природата нема ниту религиска ниту политичка припадност и сите заедно треба да се грижиме за неа.
Сметам дека и ваквите настани треба да се исклучително добро осмислени, за да едуцираат кон зачувување на природата, без да придонесат кон нејзино загадување. Поздрав до волонтерите кои чистеа отпад, работилницата за рециклирање и сите прекрасни ракотворби на базарот“, раскажа Арсова.

 

Слични објави

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо

Неделен хороскоп: Налет на енергија, комуникација и малку непредвидливост…

Т.Ц.

(Видео) Саша Ковачевиќ паднал од бината на синоќешниот концерт

Т.Ц.

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо
Се вчитува....