02:47 - 31 јули, 2026

(Фото) Џина Џиновиќ ужива со мајка си на Азурен брег, машка рака се гледа на фотографијата: Мелина живее на висока нога

По бурниот развод, модната дизајнерка Мелина Галиќ, претходно позната како Џиновиќ, сврте нов лист и се пресели на Азурниот брег, пишува српски Блиц.

Нејзината ќерка Џина отпатувала кај мајка си, а со последната објава на Инстаграм направи вистински хаос.

Имено, во моментов не се знае многу за приватниот живот на Мелина, се шпекулира дека има нов партнер, а Џина сега објави фотографија од ручекот и еден детал посебно паѓа во очи.

принтскрин Инстаграм

Имено, на сликата што ја објави Џина гледаме машка рака од десната страна, па многумина помислија дека тоа е новиот партнер на Мелина.

Мелина целосно го променила животот откако се разведе, се пресели од Србија и го започна својот нов живот на Азурниот брег.

– Мелина сега живее на Азурниот брег, таму е повеќе од еден месец. Видовте и самите дека таа не се оглауваше за разводот со Харис. Жената едноставно остави сè зад себе и продолжи понатаму. Таа има планови за својата иднина, сака да живее и да ужива во животот, се радува на се ново што и го носи овој нов почеток. Селењето не е мала работа, но таа лесно се адаптирала. Нови луѓе… – вели упатен извор за „Блиц“.

Според српските медиуми, Мелина нешто повеќе од половина година ужива во романса со две години постар бизнисмен од неа.

– Новиот партнер на Мелина освен што е моќен, успешен и богат, важи и за најпосакуваниот маж откако се појави на сцената. Неговото богатство, моќ и изглед беа доволна причина да ја придобие Мелина, која со години беше незадоволна од бракот. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како заљубена тинејџерка. Со оглед на тоа дека работата му е примарна и сака имиџот што постои за него да биде неизвалкан, се договориле да го кријат фактот дека се заедно колку што можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската – вели извор за српско Ало.

 

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....