20:07 - 27 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек ги изненадиле гостите во ресторан во Париз, изгледале на типични американски туристи

Помалку од една недела по нивната венчавка во Лас Вегас, Џенифер Лопез и Бен Афлек го преминаа Атлантикот за да стигнат до француската престолнина. Парот е фотографиран синоќа на излезот од ресторанот „Ле Матињон“, кој се наоѓа во близина на Елисејските полиња. Џенифер Лопез за оваа пригода носеше црвен фустан со Ве-деколте.

Гостите на вечерата во ресторанот „Ле Матињон“ биле изненадени кога ги виделе славните младенци како пристигнуваат на вечера во четвртокот навечер.

Двојката пристигнала на аеродромот со приватен авион само неколку часа порано. Пејачката и актерот биле придружувани од нивните деца – Ема (14) била забележана во задниот дел од автомобилот заедно со двете ќерки на Бен Афлек: Вајолет (16) и Серафина (13).

Според информациите на магазинот „Пипл“, кој интервјуираше сведок присутен на местото на настанот, парот пристигнал држејќи се за раце и побарал да биде на терасата:

„Изгледаа како типични Американци, освен што Бен на оваа жештина носеше јакна и вратоврска“, додаде изворот.

Џенифер и Бен останале во луксузниот ресторан околу два часа пред да се вратат во нивниот хотел.

 

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....