04:03 - 8 ноември, 2026

Во моментот на нејзината смрт, Мерилин Монро немала доволно пари ниту за пристоен погреб

Во пресрет на премиерата на филмот на Нетфликс за најпознатата холивудска русокоса, заснован на книгата „Блонди“, а авторката, 84-годишната Џојс Керол Оутс, зборуваше за Мерлин Монро.

Книгата е објавена во 2000 година, а во неа го истражува животот на Норма Џин Мортенсон, крстена како Норма Џин Бејкер, но открива и како Мерилин го изгубила својот идентитет кога се трансформирала во една од најпознатите русокоси на сите времиња.

„Таа стекна светска слава, но тоа не беше нешто со кое може да се живее. Вистина е дека благодарение на својата слава на многу мажи им обезбедила многу пари, но тоа не го направила за себе. Во моментот на нејзината смрт, кога имала само 36 години, немала доволно пари ниту за пристоен погреб“, изјавила Керол Оутс, додавајќи:

„Иако старееше, Мерилин сè уште ги добиваше улогите на млади старлети, поради што се чувствуваше понижено. Не можеш да имаш скоро 40 години и уште да ги играш тие „глупави плавуши“. Некои велат дека се самоубила, но јас не мислам така. Мислам дека таа умре поради краен очај“.

Според официјалниот судски извештај, Мерилин починала од предозирање со барбитурати во нејзиниот дом во Лос Анџелес на 4 август 1962 година. Нејзиното тело било пронајдено на креветот, а до неа имало празни шишиња со апчиња препишани поради депресија.

По кратката истрага, полицијата заклучила дека смртта настанала поради предозирање со седативи, велејќи дека станува збор за „веројатно самоубиство“. Но, многумина сè уште, речиси 60 години подоцна, веруваат во теории на заговор поврзани со нејзината смрт, верувајќи дека таа била убиена.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....