8.8 C
Скопје
00:27 - 21 октомври, 2026

Поради интервјуто со Дијана, поранешната дадилка на Вилијам и Хари ќе добие значителна отштета

Би-Би-Си во четвртокот објави дека радиодифузната корпорација се согласила да ѝ плати „значителна отштета“ на поранешната дадилка на британските принцови Вилијам и Хари поради денес многу критикуваното интервју на оваа телевизиска куќа во 1995 година со нивната мајка, покојната принцеза Дијана.

Одлуката за отштета на Тиги Лег-Бурк, денес Александра Петифер, беше донесена поради лажни тврдења за неа од новинарот на Би-Би-Си, Мартин Башир, со цел да добие интервју. Во него Дијана признала љубовна афера и ги открила интимните детали од нејзиниот неуспешен брак со британскиот престолонаследник, принцот Чарлс.

Минатата година, во извештајот е заклучено дека Башир го измамил братот на Дијана да договори средба со принцезата подметнувајќи му лажни банкарски извештаи кои укажувале дека Дијана била прислушувана од безбедносните служби и дека двајца помошници биле платени за да обелоденат информации за неа. Извештајот покажаЛ дека радиодифузерот ја прикрил измамата.

„Би-Би-Си се согласи да ѝ плати значителна отштета на госпоѓа Петифер“, рече генералниот директор на Би-би-си, Тим Дејви.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика јавно да и се извинам и во исто време да им се извинам на принцот од Велс и војводите од Кембриџ и Сасекс за начинот на кој принцезата Дијана била измамена.“

Локалните медиуми објавија дека адвокатот на Би-Би-Си пред судот во Лондон изјавил дека ТВ-компанијата го прифатила фактот дека обвинувањата против дадилката се „целосно неосновани“.

Дејви рекол и дека Би-Би-Си жали што не успеале да ги утврдат фактите веднаш по емитувањето на интервјуто, односно во моментот кога „постоеле одредени знаци кои укажуваа дека интервјуто можеби е непрописно добиено“.

Тој, исто така, додаде дека Би-Би-Си одлучила дека никогаш повеќе нема да го прикажува интервјуто, ниту пак ќе им го понуди на други радиодифузери.

На почетокот на оваа година, Би-Би-Си исто така се согласи да плати значителни суми на поранешниот приватен секретар на Дијана, Патрик Џефсон, поради спорното интервју.

Башир се извини поради лажните изјави, но рече дека стои зад информациите со кои располагал и дека не верува дека тоа ја поттикнало Дијана да му го даде интервјуто.

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....