20:38 - 28 ноември, 2026

(Фото) Џек Николсон „уловен“ како навива за Лејкерс, со него е „мистериозната“ Азијка: Глумецот изгледа во добра форма

Големиот фан на Лос Анџелес Лејкерс, Џек Николсон, седна покрај теренот во Крипто арената вчера ( понеделник) за да го следи натпреварот од полуфиналето во НБА плејофот 2023 година и домашната екипа повторно ја однесе победата во негово присуство.

86-годишниот Николсон уживаше во играта заедно со неговиот син Реј и спортскиот коментатор им Греј.

Актерот во навивањето ги надмина другите познати личности од А-листата кои беа присутни на трибините, како Крис Прат и Ким Кардашијан.

Пред оваа прилика, Николсон не присуствуваше на натпревар на Лејкерс од нивното отворање на сезоната во 2021 година, со поразот од Вориорс.

Глумецот ужива да го следи својот омилен тим уште од Шоутајм Лејкерс и го заслужува нивниот најголем напор за победа во негово присуство.

Инаку, новинарите забележале дека во близина на Никлсон седела мистериозната Азијка со која глумецот го поврзуваат во последно време, а која е исто така голем фан на Лос Анџелес Лејкерс.

Фановите на глумецот забележаа дека тој „изгледа во добра форма“, наспроти се она што за него се пишуваше во последните месеци.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....