17:10 - 8 ноември, 2026

(Фото) Детали за новата љубов на Бред Пит: Нутриционистка со истенчен вкус за ѕвездени партнери

За љубовта на Бред Пит и Инес де Рамон се напоменуваше уште од средината на ноември, но во меѓувреме медиумите ја внесоа во „игра“ и моделката Емили Ратајковски, па така Инес остана во позадината.

Парот првпат бил забележан заедно за време на концертот на Боно во Лос Анџелес. Таму Пит, во друштво на Инес, биле забележани во друштво на Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен. На крајот на вечерта Бред си заминал со својата Тесла, додека Инес била придружувана од телохранителот на актерот. Сега повторно – Инес де Рамон блесна во друштво на Пит и тоа на премиерата (поточно на приватата забава после премиерата) на филмот Бабилон. И веќе нема двоумења дека тие се заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Но која е Инес де Рамон?

Во февруари 2019 година, сосема неочекувано за фановите на Вампирски дневници, американска натприродна тинејџерска телевизиска серија, се дозна дека Пол Веслие тајно оженет. Избраничката на 36-годишниот Весли беше (тогаш) извесна Инес де Рамон, со која актерот се запознал нешто повеќе од шест месеци пред свадбата.

За новата сопруга на Пол Весли не се знаеше многу – таа внимателно го криеше својот приватен живот од љубопитните очи, но сепак испливаа некои интересни факти за Инес де Рамон.

Инес де Рамон работи како фитнес тренер, а пред тоа работела во индустријата за продажба на накит – била координаторка за малопродажба во GRISOGONO (бренд познат по своите луксузни производи и накит). Има европско образование: во 2013 година, Инес дипломирала на Универзитетот во Женева по бизнис администрација.

На јавноста ѝ стана позната преку поранешниот сопруг Пол Весли. Ниту Инес, ниту Пол никогаш јавно не коментирале за нивната врска, барем не пред да ја потврдат свршувачката, и на крајот, да го искоментираат накратко разводот.

Инес зборува 5 јазици: знае германски, англиски, шпански, француски и италијански. Мајчин јазик на Инес е францускиот.

Со Пол Весли беа во брак само три години. Но, повеќе од очигледно е дека фитнес тренерката си сака славни мажи, а Бред Пит пак, си сака црнки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Celebs (@topcelebs13)

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....