19.8 C
Скопје
00:02 - 17 август, 2026

Приватниот живот на Синиша Михајловиќ: Која е преубавата сопруга Аријана и двете ќерки убавици кои се во прегратки на фудбалери – „твојата душа останува тука…“

Синиша Михајловиќ, кој почина на 53-годишна возраст по тешка борба солеукемијата, ја запознал својата сопруга Аријана Рапачони во 1995 година. Преубавата Аријана е поранешна танчерка и водителка, а во бракот се родени пет деца.

Синиша со ќерката Викторија

Која е сопругата на Синиша?

Аријана Рапачони е поранешна италијанска водителка, која во раните деведесетти работеше во телевизиски програми како Луна Парк, Квели ке ил калчо, и други забавни емисии. Во 1995 година го запознала Синиша Михајловиќ, кога сè уште играл за Сампдорија, и решила да стави крај на својата телевизиска кариера за да се посвети на семеен живот.

Синиша и сопругата

Доволна била само една средба за да се роди искрата меѓу Синиша Михајловиќ и Аријана Рапачони. Во интервју за Доменика Ин, поранешната водителка раскажала за чувството кога сфатила дека тој ќе и стане животен партнер: „Стигна Синиша и ми ја скрати кариерата, ја напуштив „Луна парк“ кон средината на годината, во 1995, се запознавме, се венчавме во 1996 година. Но, веднаш се заљубивме, уште кога првпат се погледнавме и никогаш не се разделивме“. Од нивниот брак се родиле пет деца.

Кога тренерот ја објави својата драматична здравствена состојба, ја изрази својата најголема желба, да може да оздраве поради љубовта кон своите деца и неговата сопруга: „Не престанав веднаш да работам, бидејќи тоа ме одржуваше во живот. Но пред се во живот ме одржаше моето семејство, мојата сопруга Аријана, моите деца“.

Викторија и Вирџинија

Викторија има 25 години, зелени очи и долга кафена коса и е најстарото дете на тренерот и неговата сопруга Аријана. Викторија има четири браќа и сестри: Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас.

Убавината ја наследила од мајка си Аријана, а неколку пати гостувала на телевизија но се уште нема сериозен телевизиски ангажман. Свршена е со Пјетро Пелегри, фудбалер на Монако, но таа не го покажува особено својот приватен живот на социјалните мрежи, и покрај тоа што е доста присутна со своите 152.000 следбеници.

Во 2019 година беше објавена книга во која ќерката на тренерот го раскажуваше односот со нејзиниот татко, опишувајќи го во невидено и дефинитивно слатко руво:

„Ми го предложија овој проект, се исплашив, многу… тогаш помислив дека ова ќе биде прекрасен подарок за моето семејство, за мене. Да му кажеш на светот за големото срце на тато, затоа што за да го разбереш неговиот поглед, треба да ја знаеш неговата приказна, треба да го „прочиташ“ неговото срце, нашето срце“ – тогаш објасни Викторија.

Второто дете на двојката, Вирџинија има 24 години и заедно со нејзината постара сестра учествуваше на „Остров на славните“ во 2019 година. Девојките беа многу ценети од јавноста која ги запозна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)

Вирџинија се вери со фудбалерот Алесандро Вољако со кој не се двоуми да прикаже неколку кадри на социјалните мрежи кои ја покажуваат нивната врска – толку интензивна и среќна. Во споредба со нејзината постара сестра, Вирџинија е многу попроектирана кон светот на модата, дотолку што дипломираше на универзитетот за модни науки ( минатиот септември).

Во октомври 2019 година таа го направи Синиша дедо: стана мајка на Виоланте Вољако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)

„Тешко е тато. Tешко e. Во овој момент на огромно страдање ми треба само твојата прегратка. Не било каква прегратка, твојата. Измешана со твојот парфем, кој како твојата душа, останува тука. И секој што те познава знае на што мислам….“, по веста на смртта на Синиша, Вирџинија објави долго емотино писмо за својот татко на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)

И Викторија се прости со татка си со емотивна порака на Инстаграм.

„..Те сакам со сето мое срце тато, чиста, ретка душа,
гордост на мојот живот, мојот херој, мојата ГОЛЕМА љубов“ – напиша Викторија завршувајќи дека љубовта кон него достигнува и до онаму кадешто е тој сега.

Слични објави

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.
Се вчитува....