21.8 C
Скопје
18:36 - 29 септември, 2026

(Фото) Чарлс, Камила и наводниот таен син: има ли нов престолонаследник? Инженерот веќе се нарекува „Принц Сајмон“

Педесет и петгодишниот инженер Сајмон Доранте-Деј, кој со години тврдеше дека е роден од врската меѓу принцот и неговата тогашна љубовница Камила Паркер-Боулс, продолжува да инсистира на својата (бизарна) вистина. Тој се нарекува себеси „Принцот Сајмон“. 

Има ли нов наследник на тронот на Англија? Во тоа е убеден 55-годишниот инженер Сајмон Доранте-Деј. Повеќе од четириесет години, човекот тврди дека е „тајниот син на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс“. А сега на Фејсбук објави фото-колаж кој ќе ја докаже неговата (бизарна) вистина. Сличноста меѓу него и „бабата“ Елизабета Втора, според него била „непобитна“.

Сајмон ја покажува сличноста меѓу него и Кралицата, Фото Фејсбук

Со години Сајмон, роден во Англија, но посвоен кога имал 18 месеци од семејство во Австралија, каде што живее и денес, тврди дека е „тајниот син на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс“. Човекот постојано кажува, дури и за британските таблоиди, дека неговите баба и дедо (мајка и татко на родителите кои го посвоиле) Винифред и Ернест работеле за кралицата и за принцот Филип како готвач и како градинар.

„Знам дека звучи неверојатно, но сè што ќе кажам е проверливо“, изјави тој за Дејли Мејл, „Јас сум само човек кој ги бара моите биолошки родители и секој пат патот ме води до Камила и Чарлс“.

На својата Фејсбук страница тој често го споредуваше своето лице со ликот на идните владетели на Англија и другите членови на кралското семејство.

Доранте е роден во Госпорт, Хемпшир, во април 1966 година и бил посвоен на 18-годишна возраст од Карен и Дејвид Деј. Приказната на Сајмон се најде на насловните страници во 2019 година, кога инженерот пред Вишиот суд во Сиднеј ги претстави документите со кои се надеваше дека ќе ги принуди Чарлс и Камила на тест на ДНК.

Сопругата на Сајмон, Елвијана, е убедена дека инженерот (татко на девет деца) ја кажува вистината: „Камила забременила со Чарлс и со помош на нејзиното семејство и кралското семејство го задржала Сајмон до 18-годишна возраст“.

И додека Сајмон чека да стане втор во наследството на британскиот трон, соборувајќи го Вилијам од Англија, тој се нарекува себеси „Принцот Сајмон“.

Сајмон се споредува со дедо му Филип Фејсбук
Споредба во сличност со принц Чарлс

Слични објави

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.
Се вчитува....