05:13 - 29 ноември, 2026

(Фото) Бен Афлек си купи нов дом и брзо го најде без Џенифер Лопез: Официјално е сам дома!

Оскаровецот Бен Афлек купи нов дом по разделбата од Џенифер Лопез, пишува ТМЗ.

Афлек стана сопственик на имот во Лос Анџелес за 20,5 милиони долари.

Еднокатната куќа има 5 спални соби и 6 бањи, место за појадок, трпезарија, канцеларија, пространа дневна соба, место за прес средби, а на имотот има и мала куќа за гости.

 

 

Пред ова, Џеј Ло и Бен Афлек се обидоа да го продадат својот заеднички дом во Беверли Хилс, но досега немаше купувачи за имотот за повеќе од 60 милиони долари. Потсетуваме дека минатата година тие го купија имотот, по долга и мачна потрага за „дом од соништата“ која траеше со месеци.

Новиот дом на Бен Афлек се наоѓа во престижната област Пацифик Палисајдс, а негови соседи се Бредли Купер, Адам Сендлер и Ентони Хопкинс.

И покрај тоа што Џенифер Лопез има повеќе од двојно повеќе пари од Афлек, таа по разводот сака да добие дел од средствата на Афлек. Актерот има 150 милиони долари на сметка, додека пејачката има 400 милиони долари. Џенифер не се откажува од намерата да извлече максимум од Бен, бидејќи во врската ги преземала речиси сите трошоци, пишува ТМЗ.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....