00:16 - 29 ноември, 2026

(Фото) Бен Афлек и Џенифер Лопез домаќински на пазар: Лежерен шопинг и опуштен изглед

54-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез и 51-годишниот оскаровец Бен Афлек го посетија пазарот во Лос Анџелес во неделата, 17 септември.

Ѕвездената двојка шеташе фатени за раце, а пејачката во еден момент дури и ја стави раката на задникот на нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bennifer💚 (@bennifer_02)

Двајцата беа облечени во лежерна варијанта.

За семејно излегување, Џеј Ло избра кардиган во нијанса на нане, кој го носеше преку бела маица и го искомбинира со фармерки со широки ногавици. Изгледот го заокружи со бели патики, чанта во светла нијанса, очила за сонце и обетки.

Афлек пак, се одлучи за сив џемпер под кој носеше црна маичка и сини фармерки.

Џенифер Лопез и Бен Афлек започнаа романтична врска во раните 2000-ти, откако се сретнаа на снимањето на филмот Gili. Тие беа накратко свршени пред да ја откажат планираната венчавка во 2003 година, само еден ден пред свадбата. Во 2021 година ја продолжија својата романса.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....