12:08 - 29 ноември, 2026

(ФОТО) БЕКАМ МЕТА НА КРИТИКИ: Повторно ја бакнува ќерка си во уста, обожавателите згрозени!

дејвид бекам

Дејвид Бекам на својот инстаграм-профил сподели фотографии од една прошетка со својата 10-годишна ќерка Харпер Севен.

Имено, на една од фотографиите фудбалерот ја бакнува својата ќерка во уста, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„Тато и принцезата имаа прекрасна прошетка утрово“, напиша Бекам во описот на објавата, а критиките во коментарите веднаш почнаа да се нижат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

„Таа е веќе голема девојка и време е да престанеш да ја бакнуваш во уста. Изгледа лошо… Ајде луѓе, па и Викторија треба да му каже да не го прави ова“, „Извини, но престрашно е тоа што го прават, во ред е да сподели колку ја сака ќерка си, но малку претера“, „Чудно“, „Навистина доста е“, се само дел од коментарите.

Имаше различни мислења на луѓето кои пишуваа дека ова е нормален начин родителите да покажат љубов кон своите деца, а од друга страна дел од луѓето се згрозени од овој гест.

Бекам порано споделуваше слични фотографии со својата ќерка Харпер, а уште тогаш многумина го предупредуваа дека тоа не е сосема нормално.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....