15:51 - 27 ноември, 2026

(ФОТО) АДЕЛИНА ТАХИРИ доби ЛУКСУЗЕН ПОДАРОК од СОПРУГОТ: Роденденска прослава во Монако и чанта од Ермес!

Инстаграм – профилот на Аделина Тахири Марков е како модно списание. Пејачката за секоја прилика е совршено стилизирана. Од спортски и лежерни до елегантни и неодоливи модни комбинации.


Пејачката со својот сопруг моментално престојува во Монако, а поводот за ова патување е нејзиниот роденден. Аделина денес полни 30 години, а славењето започна од вчера вечер. Заедно со својот сопруг познатиот адвокат и бизнисмен Серјожа Марков започнаа со прославувањето во еден прекрасен ресторан.


Аделина сподели како ужива покрај својот сакан кој за нејзиниот роденден и подарил чанта која е сон на секоја жена. Пејачката се пофали со големата портокалова кутија на својот инстаграм – профил со лого на луксузната модна марка Ермес.


Пејачката во описот на фотографијата напиша:

Мојата чанта од соништата е конечно тука – стои во описот на објавата на Аделина на која му се заблагодари на сопругот.

Фото: Принтскрин / Instagram

Серјожа секогаш ја разгалува својата сопруга со луксузини подароци. Аделина и Серјожа се родители на преслаткиот Јон.

Фото: Принтскрин / Instagram

Среќен роденден Аделина!

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....