13:27 - 27 ноември, 2026

(ВИДЕО) Зеленски на улиците на Буча: „Сакам секоја мајка на секој руски војник да ги види телата на загинатите“

Шефот на украинската држава го посети градот на ужасите во близина на Киев: „Ова беше геноцид“, рече тој.

Претседателот Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, на околу триесет километри од главниот град Киев, местото на масакрот за кој украинската влада ги обвинува руските вооружени сили.

Сликите и видеата на кои се гледаат трупови на улиците се објавени од локалните медиуми, а потоа и од меѓународните.

Зеленски, придружуван од војската, разговараше со некои жители, и рече дека московските трупи извршиле воени злосторства.

„Со свои очи ги видов Буча, Ирпин, Стојанка по окупацијата. Ќе дадеме се од себе да ги вратиме во живот што е можно поскоро, објасни на Телеграм претседателот на Украина Володимир Зеленски. „Имаме силни, љубезни и тврдокорни луѓе. Уште еднаш се уверив за време на разговорот во центарот за обезбедување на хуманитарна помош во Буча“.

При неговото емотивно обраќање по уништувањето на градот Буча, украинскиот претседател порала: „Сакам секоја мајка на секој руски војник да ги види телата на загинатите“.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....