24.8 C
Скопје
08:44 - 20 јуни, 2026

Еве што ѝ напишала Бијонсе на Меган Маркл по нејзиното интервју кај Опра

Бијонсе прави неочекуван потег преку СМС порака, што е прикажано во последната епизода на „Хари и Меган“, серијата на Нетфликс која ја раскажува приказната за Меган и принцот Хари. Епизодата навлегува (и) во она што се случило откако Меган и Хари се отворија во интервју за Опра во март 2021 година, следејќи ја двојката следниот ден додека се справуваат со последиците. Двајцата седат еден до друг кога Меган истакнува дека луѓе ѝ се јавуваат цел ден и дека штотуку добила порака од Бијонсе.

Меган, долгогодишна обожавателка на пејачката, изразува одредена вознемиреност и радост:

„Сè уште не можам да верувам дека знае која сум јас“, му вели на Хари.

Потоа Меган гласно го парафразира текстот: „Таа рече дека сака да се чувствувам безбедно и сигурно. Се восхитува на мојата храброст и ранливост и смета дека сум избрана да ги прекршам генерациските клетви што треба да се излечат“.

Бијонсе веќе ја изрази својата наклонетост кон Меган кога таа и Џеј Зи го држеа портретот на Меган во позадината додека ја примаа наградата Брит за нивната песна Apeshit во февруари 2019 година. Потоа, во јули, двата пара се сретнаа лично на Лондонската премиера на „Кралот лав“. За време на состанокот Џеј Зи наводно ѝ рекол на Меган: „Најдобриот совет што можам да ти го дадам: секогаш најди време за себе“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 јуни: Искористете ја можноста за отворени разговори

apostolova

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо
Се вчитува....