05:50 - 8 ноември, 2026

(Видео) Кои се Нигериецот и Украинецот од „Творчи“ што ќе ја претставуваат Украина на Евровизија: Еве каква порака носат за светот

Музичката група од Тернопил на украинскиот национален избор за песна за Евровизија, кој се одржа влера, на 17 декември, доби 9 поени од жирито и 10 поени од Украинците. Ова им го обезбеди првото место на уметниците од групата Творчи.

На 17 декември во Киев се одржа финалето на Националниот избор за Евровизија, каде победи групата ТВОРЧИ.

Имено, настапот се емитуваше од засолниште во Киев, а метро станицата во главниот град на Украина, која со месеци се користи како засолниште, сега е претворена во ТВ студио.

Еве по што е познати дуото Творчи.

Музичкиот тим го сочинуваат продуцентот на звук Андри Хуцулиак и вокалистот Џефри Кени. Тие ја основале групата во 2018 година во градот Терпопол. Тандемот на Нигериец и Украинец се формирал на фармацевтскиот универзитет, каде што учеле, но и двајцата ја избрале музиката како главен правец.

Андри потекнува од класично украинско семејство. Кога бил мал, неговите родители заминале во странство за да заработат пари за да го издржуваат него и неговиот брат. Приказната на Џефри е поинаква – тој е роден во богато воено семејство. Како што кажа и самиот Џефри во едно од неговите интервјуа за украинските медиуми, тој секогаш имал обезбедување и личен возач.

– Одлуката да одам да студирам во Украина беше поврзана со фактот дека конечно ќе избегам од грижата на моите родители, признава тој.

Патем, во ексклузивното интервју за украинската новинска агенција Униан, Нигериецот рече дека не жали што се преселил во Украина дури и по 24 февруари, кога Русија ја нападна територијата на земјата.

И покрај фактот што групата е сè уште релативно млада, нивните композиции веќе постојано ги заземаа првите места на различни радио станици. Тие својата работа ја нарекуваат музика на утрешнината.

Вреди да се напомене дека во 2020 година Творчи веќе учествуваше во финалето на националниот избор на Украина, но не победија.

На Евровизија тие ќе настапат со песната „Heart of Steel“.

„Имаме важна порака која мора да им се пренесе на сите кои ќе ја слушнат песната. Ние пееме за нашите силни луѓе со челични срца. Што и да каже некој, колку и да е тешко, ние одиме напред, а никој не може да не спречи.Текстот ги содржи зборовите: „Не можам да објаснам. Ќе ви кажам како се чувствувам: животот е само игра. И јас играм за победа.“ Тие зборови кажуваат се“, објасни Андрии Хуцулиак.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....