11.8 C
Скопје
23:16 - 28 септември, 2026

Еминем не сака неговата музика да се пушта на митинзи на политичарите кои влегуваат во трка за претседател на САД

Претендентот за републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами доби барање од рап пејачот Еминем да престане да ја користи неговата музика на своите митинзи, јави Си-ен-ен.

BMI, организација за изведувачки уметности, ја информирала кампањата на Рамасвами, а по барање на Еминем, дека нема да дозволи лиценца за употреба на музиката на раперот на кампањата.

„Добивме комуникација од Маршал Б. Метерс, професионално познат како Еминем, со приговор до кампањата на Вивек Рамасвами за употреба на музичките композиции на Еминем“, се вели во писмото датирано 23 август, јавија синоќа западните медиуми.

На 17 август, за време на настап во Ајова заедно со гувернерот Ким Рејнолдс, Рамасвами го започна митингот со караоке рапување на песната од Еминем „Lose Yourself“.

Тој му кажа на Рејнолдс дека оваа песна би ја користел за излегување на сцената.

На 38-годишна возраст, Рамасвами е досега најмлад претседателски кандидат од репубиканците. Милјардерот од технолошкиот сектор се надева на успех во кампањата со подршка од помладата генерација на републиканскиот избирачи.

Toj вети дека ако биде избран за претседател на САД ќе ја признае руската окупација на Украина и ќе го блокира нејзиното членство во НАТО.

– За таа цел, ќе ја прифатам руската контрола врз окупираните територии и ќе ветам дека ќе ја блокирам кандидатурата на Украина за НАТО во замена за повлекувањето на Русија од воениот сојуз со Кина. Ќе ги укинам санкциите и ќе ја вратам Русија на светскиот пазар, посочи Рамасвами.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....