14.8 C
Скопје
08:36 - 30 септември, 2026

Елизабета Втора зад себе остави скап накит вреден 800.000 фунти: Кој ќе го наследи?

Кралицата Елизабета Втора остави зад себе вредно наследство. Едно од поважните скапоцени парчиња е секако круната направена за кралот Џорџ IV во куќата за накит Rundell & Bridge во 1820 година.

Дијамантската дијадема сега ќе ја носи кралицата сопруга Камила, додека еден ден кога принцот Вилијам ќе стане крал, ова скапоцено парче ќе го носи неговата сопруга Кејт Мидлтон.

На вредната дијадема има четири малтешки крста и украси кои симболично ги претставуваат Англија, Ирска и Шкотска.
За да биде уште попрестижна, на на се вградени 1333 дијаманти од 320 карати, додека во центарот на предниот крст е поставен редок бледо жолт брилијант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Круната е статусен симбол, а најчесто ја носат жените. Се претпоставува дека новиот крал, Чарлс III нема да го носи ова фасцинантно парче во некоја свечена пригода, туку се очекува да се види како еден нов додаток на сопругата кралица Камила.

Вредноста на оваа круна денес е околу 800.000 фунти и е една од круните со најголема симболика. Кралицата ја носела на неколку историски важни моменти. Една од нив бил во 1952 година кога го отворала Парламентот.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо
Се вчитува....