12.8 C
Скопје
21:13 - 27 април, 2024

ЕДНОСТАВЕН ТРИК: Еве како да ги отстраните дамките од дезодоранси

Сигурно ви се случило набрзина да ставите дезодоранс и веднаш да се облечете. Веројатноста дека ќе ви остане бела дамка е голема. За среќа, таквите свежи бели дамки лесно се отстрануваат со помош на малку детергент за миење садови, велат експертите од Колеџот за семејни и потрошувачки науки на Универзитетот Џорџија во САД.

Едноставна постапка

Потопете мала крпа во ладна вода и исцедете ја. Ставете му неколку капки детергент, но не претерувајте за подоцна да не добиете дамки од детергент. Нежно тријте ја дамката за да создадете пена. Нежно тријте додека дамката од дезодоранс не исчезне. Потоа исплакнете ја крпата и избришете ја облеката со неа за да ги отстраните остатоците од детергентот. Доколку сакате да го носите тоа парче веднаш, воздржете се од сушење на влажниот дел со фен. Никогаш не третирајте парче облека извалкано со дезодоранс со топол воздух или пегла. Комбинацијата на хемиски остатоци и топлина може да ја уништи ткаенината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jillee | One Good Thing (@byjillee)

Отстранување на стари дамки од дезодоранси

Антиперспирантите може да се акумулираат на облеката, особено ако редовното перење не ги отстранува сите честички залепени за ткаенината. Детергентот за миење садови помага и овде, но постапката е нешто поинаква.

Детергентот се нанесува директно на сувата дамка и нежно се трие со стара четка за заби. Можеби ќе треба да го повторите овој процес неколку пати пред да исчезне тврдоглавата дамка.

На пазарот има специјални средства за отстранување дамки, но не заборавајте да ја обработите ткаенината пред употреба за да не ја оштетите. Ако на етикетата на облеката пишува дека истата може да се третира само со хемиско чистење, тогаш заборавете на чистење дамки со средства.

Исто така, ако облеката може да издржи отстранувач на дамки, задолжително следете ги упатствата и не држете го средството на дамката подолго од наведеното. На крај исперете ја облеката во топла вода, пренесува „purewow“.

Најчести грешки при нанесување на дезодоранс

Британскиот лекар д-р Доун Харпер предупредува на најчестите грешки што ги прават луѓето кога нанесуваат дезодоранс што резултира со намалена ефикасност во заштитата од формирање на непријатни мириси.

Нанесување веднаш по туширање или будење

Нанесувањето веднаш по туширањето е грешка што ја прават многу голем број луѓе, бидејќи некако логично е сите да ставаме дезодоранс после туширање, но всушност нема логика во тоа. Имено, влажната кожа речиси и не впива ништо, особено дезодоранс, па најголем дел завршува на облеката. Исто така, д-р Харпер советува дезодорансот да се нанесува навечер, а не наутро веднаш по будењето, бидејќи тоа има подолготрајно дејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aile Bilimi (@ailebilim)

Се облекувате веднаш по нанесувањето или претерувате со количината

Д-р Харпер напоменува дека треба да почекате дезодорансот да се исуши на кожата по нанесувањето, па дури потоа да почнете да се облекувате. Исто така, не треба да го користите секој ден. Всушност, д-р Харпер тврди дека е доволно да се стави еднаш или двапати неделно, пренесува „Independent“.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....