18:54 - 7 ноември, 2026

(Фото) Една мала приказна за љубовта: Актерката Емра Куртишова емотивна на посебен ден

Актерката Емра Куртишова сподели емотивен колаж од фотографии со својата ќерка Лена, со посебен повод. Малата Лена прослави роденден, а гордата мајка на Инстаграм напиша:

– Среќен роденден мајкино. Секоја фотографија – една мала приказна за љубовта наречена Лена.

Емра Куртишова пред повеќе од две години се омажи со својот колега од „Театарот за деца и младинци“, Петар Стојанов.

Двојката се венчаше по три години врска, а свадбата беше во Гевгелија, од каде што потекнува Петар. Брачниот живот им годи и не кријат дека се среќни, а тоа што заедно работат, уште повеќе ги зближува, рече Емра за „Слободен печат“, која публиката ја засака како Исаура во серијата „Преспав“.

– Слободно можам да кажам дека пред бракот бев разгалено второ дете на мама и тато, но работите се сменија. Промена има, станувам поодговорна за сè она што треба, веќе не им придавам значење на нешта што знаеја да ме пореметат во главата – изјави актерката во истото интервју.

Актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски стана родители четири месеци откако направија свадба и ја изненадија јавноста, бидејќи популарната Исаура од „Преспав“ ја криеше бременоста. Малата Лена наполни две години.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....