13.8 C
Скопје
06:12 - 27 мај, 2026

ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН: Важни животни лекции од најдобриот тенисер на сите времиња

новак ѓоковиќ

Во неделата се одржа натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ против Данил Медведев, кој требаше на Ѓоковиќ да му ја донесе 21. грен слем титула во кариерата.

Иако овој пат среќата не беше на страна на познатиот српски тенисер, сепак, Ноле ја научи целата планета една од најважните животни лекции – секогаш и секаде е важно да се биде човек.

Во блескавата кариера која заслужува длабок поклон, Ноле имаше стотици подеми и падови. Но, за разлика од многумина, никогаш не дозволи поразот целосно да го скрши, а победите толку го возвишија што почна да ја иритира светската јавност.

Зошто животната филозофија на Ноле е секогаш со победнички карактер, дури и кога губи на теренот?

И мажите плачат

Иако некои го критикуваа дека се однесува како робот на теренот, тоа едноставно не е точно. Тоа го докажа и по последниот одигран натпревар, кога не можеше да ги задржи солзите.

Ноле безмилосно ги руши предрасудите дека „мажите не плачат“. Кога во некоја желба внесувате голема енергија, знаење и надеж, без разлика што и да правите, кога нема да го добиете посакуваниот резултат, солзите се сосема природна појава.

Ако Ноле може да плаче пред камера, зошто некој од нас би се срамел од своите солзи?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TSH Tennis (@tsh.tennis)

Не мора сите да ве сакаат

Колку пати се случило Ноле да излезе на терен, а публиката што го поддржува неговиот противник во најмала рака да биде груба? Свирежи, непристојно фрлање, деморализација уште пред да го земе рекетот во раце…

Вистина е дека пораките на омраза можат да влијаат на концентрацијата и да деморализираат кога „излегуваме на терен“. Но, исто така е одлична уметност да научите како да ги игнорирате демотивирачките пораки.

Ноле тоа очигледно добро го знае. И ние сме сигурни дека тој не ја научил оваа тешка лекција со леснотија. Сепак, тој знае дека не мора секогаш сите да го сакаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis Serbia (@tennis.serbia)

Нервозата е во ред

Секој во светот, дури и Ѓоковиќ, понекогаш има „лош ден“. Како на пример кога го изгуби сетот, па мечот, па го скрши рекетот и беше казнет за неговата агресивна постапка.

Но, Ноле речиси никогаш не го држи во себе она што ќе го извади од такт. Наместо „да молчи и да проголта“, како многумина, тој едноставно се ослободува од лошите емоции. Сме го виделе лут, повреден, сме го виделе кога го боли некоја неправда, но сме го виделе и среќен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MUSK AND MOSS® (@muskandmoss)

Не е тешко да се биде фер

Максимата „Важно е да се учествува“ на теренот одамна престана да важи, особено во професионалните спортови каде се „вртат“ милиони евра.

Но, кога ќе ги оставиме парите настрана, сфаќаме дека сите „играме за победа“ во животот. Понекогаш животот, околностите, лошата среќа, неправдата, подобриот противник… си го прават своето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Што прави Ноле кога губи?

Се приближува и му подава рака на својот противник. Многумина можеби нема да обрнат внимание на тоа и не се обидуваат да се стават во неговата кожа. Колку му е тешко тогаш, веројатно знае само тој. Но, Ноле извлекува поуки од секоја животна ситуација.

Извор: Телеграф

Слични објави

„Ми ги потрошија сите нерви!“: Тончи Хуљиќ откри како се снаоѓа со внуците

Еспресо

„Па што ако заработил пари?“: Марија Шерифовиќ застана во одбрана на Јаков Јозиновиќ

Еспресо

По раскинувањето со Маја Шупут се огласи и Шиме: „Тоа е наша приватна работа“

Еспресо

Прво огласување на Јелена Карлеуша по веста дека Душко има нова девојка: Проговори за одмазда и порача една работа

Еспресо

(Видео) Зорица Конџа со носталгија се присетува на времињата без Јутјуб и без Инстаграм

Т.Ц.

(Видео) Кија Коцкар го слави роденденот во Турција: Никој не верува полни толку години, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....