12.8 C
Скопје
00:15 - 29 април, 2024

ДОИЛКИ ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ: Производи што не е препорачливо да ги консумираат новите мајки додека дојат

мајка бебе

Периодот на доење е многу чувствителен за мајката и малото бебе, бидејќи сè што јаде мајката преминува во млекото кое е храна на доенчето. Затоа постојат производи што не е препорачливо да ги консумираат новите мајки додека дојат.  

Прво треба да се откажете од кафето и сите пијалаци што содржат кофеин. Кога пиете кафе, кока-кола, чај, дел од кофеинот оди во млекото.

Бебињата немаат способност да се ослободат од кофеинот во своето тело, па симптомите се нервоза, раздразливост и несоница. Во такви случаи единствено решение е да прекинете со внес на какви било пијалаци што содржат кофеин.

Чајот од нане исто така не се препорачува, бидејќи има состојки што можат да го намалат млекото, ако пиете повеќе од еден филџан на ден. Овој чај дури се препорачува за доилки што прекинуваат со доење. Исти својства има и магдоносот, но не е забрането да ставите малку магдонос во супа или салата.

Друга забранета храна за доилки е сосема логично, чоколадото. Исто како кафето и чоколадото содржи кофеин. Една коцка секако не е проблем, но не треба да претерувате.

Цитрусни плодови

Откриени се соединенија во цитрусното овошје, кои го иритираат сè уште неразвиениот систем за варење кај бебињата. Ова доведува до зголемено лачење плунка дури и до осип во зоната на пелените. Поради тоа, ако се решите да прекинете со внесување цитрусно овошје, витамин Ц можете да обезбедите преку други производи какви што се папаја, манго, јаболко.

Алкохол

Не станува збор за една чашка вино со вечера. Еден пијалак дневно не е ризичен, согласни се научниците. Но, ако си дозволите многу повеќе од тоа, и почесто, треба да размислите што е поважно? Бебето или алкохолот?

Пикантна храна

Има мајки што многу јадат пикантна храна, а нивните бебиња тоа не го забележуваат. Но, постојат и бебиња на кои им е доволно малку повеќе црн пипер или некој друг зачин со силен вкус за да предизвика раздразливост и нервоза. Ако сакате да си ја зачините храната, без притоа да му наштетите на бебето, побарајте зачини што додаваат мирис, но не се пикантни.

Кикирики

Ако вие или некој од вашето семејство има алергија на одреден вид храна, треба да сте многу внимателни со јадењето кикирики. Семејната предиспозиција за појава на алергии најчесто се појавува при консумирање алергени какви што се кикириките.

Млечни производи

Општо е познато дека многу бебиња имаат нетолерантност кон кравјото млеко. Кога пиете млеко или јадете други млечни производи какви што се кисело млеко, сладолед, сирење, кашкавал, истите алергени преминуваат и во вашето млеко. Симптомите на алергија или пречувствителност на овие производи вклучуваат грчеви и повраќање. Нетолерантноста не се јавува кај сите бебиња, но треба да сте претпазливи.

 Морски плодови

Експертите велат дека бебето со семејна историја на алергија порано развива симптоми на алергија. Со други зборови, ако таткото на бебето е алергичен на морски плодови, а вие немате проблем со јадење ракови и школки, избегнувајте ги додека доите, поради безбедност на вашето бебе.

Јајца

Алергијата на јајца (најчесто белка) најмногу се појавува во раното детство. Во огромен број производи има јајца како дополнителна состојка дури и во некои видови леб, сладолед и сл., поради што тешко е да се одреди присуството на алергија. Друга тактика на доилките, кои се сомневаат дека е можно нивното бебе да има алергија на одредена храна, е да ги елиминираат од исхрана сите производи што предизвикуваат алергии.

 Риба

Рибата не доведува до појава на гасови кај бебињата или проблеми со стомакот, но живата што ја содржат одредени видови риба преминува во млекото од мајката. Поради тоа онаа риба што сте ја избегнувале во бременоста, треба да ја избегнувате и сега – скуша, туна, иверка, лист и сите видови крупни и мрсни риби. Сепак, препорачливо е да внесете еднаш неделно 300 г риба, па затоа изберете внимателно. Најдобро е да биде речна риба и по можност да не е индустриски одгледана.

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....