06:51 - 29 ноември, 2026

Џорџина Родригез открива: „Кристијано Роналдо има само една маана“

Според Родригез, португалскиот фудбалер е речиси совршен човек, на теренот и надвор од него, но…

Георгина Родригез во интервју за „Спортвик“ го пофали својот партнер Кристијано Роналдо. Според моделката и инфлуенсерка, тој е вистински пример за многу мажи. Со многу предности и многу малку маани.

Односно само со една маана, според Родригез.

Според признанието на 28-годишната убавица „Кристијано е супер татко и најдобар придружник за кој можев да сонувам“, увери таа и потоа додаде: „Неговата маана? Е во тоа што тој не готви. Имаме готвач, но понекогаш и јас готвам“.

Еден од првите проблеми што го имаше CR7 во Саудиска Арабија беше тоа што не можеше да најде личен готвач кој одговара на неговите потреби. Како што објави „Дејли Меј“ пред извесно време, фудбалерот долго време бара готвач способен да подготви традиционални португалски јадења, но и суши и пица.

По неколку селекции, Роналдо успеа да го ангажира вистинскиот човек, кој денеска наизменично се менува со Џорџина, која многу сака да биде во кујната.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....