15:33 - 7 ноември, 2026

Дими Мур е покрај Брус Вилис, но и сè поблиску до Том Круз: „Деми и Том имаат повеќе заедничко отколку што луѓето можат да сфатат“

Актерката Деми Мур моментно е најмногу посветена на борбата со деменцијата на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, но сепак мора да најде време за да биде среќна. Таа му помага на целото семејство да се помири со нивната нова реалност, но исто така жонглира со нејзиниот љубовен живот, како што потврдува извор за Радар онлајн. Според изворот, имено Деми Мур активно е во контакт со Том Круз, кој ја познава Деми долги години.

Можеби многумина би се запрашале од каде блискоста на Мур со Круз. За неупатените, мајката на Деми Мур била истакната скиентолог и затоа Деми пораснала опкружена со многу луѓе од оваа религија. Како што знаеме, Том Круз пак, е најпознатата славна личност на скиентологијата и своевиден „постер“ на оваа црква.

До неодамна постоеа претпоставки дека зближувањето и честите контакти на Деми Мур и Том Круз се должат на евентуален заеднички филмски проект, но изворот за Радар онлајн открива сосема друго.

„Таа го “брка“ Том, сака да соработуваат повторно, а тој вооптшо не ја обесхрабрува. Но веќе никој не мисли дека се работи само за работа. Таа го сака Том со години и тие беа пријатели од 90-тите кога глумеа во  „A Few Good Men“. Се е до тајмингот, а  ѕвездената моќ на Том никогаш не била посилна од сега“.

Мајката на Деми Мур е покојната Вирџинија Кинг и таа беше истакнат скиентолог. Сепак, на Деми Мур не и беше дозволено да стане дел од религијата бидејќи Брус Вилис наводно и забранил да оди во таа црква.

Изворот вели: „Деми ќе присуствуваше на состаноците. Брус и забрани да оди. Значи, Деми и Том имаат повеќе заедничко отколку што луѓето можат да сфатат. Пријатели од двете страни можеа да ги видат заедно. Таа е зависник од адреналин која би била веднаш покрај него скокајќи од авион“.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....