15.8 C
Скопје
20:24 - 19 октомври, 2026

Џорџина Родригез ги „запали“ улиците на Манчестер со милионска модна комбинација: Прошета со ташна од 94.000 евра и прстен од 800.000 евра!

Џорџина Родригез често е тема на јавноста и на социјалните мрежи поради изборот на гардероба. Доволно е да објави една фотографија и почнуваат шпекулациите колку чини накитот што го ставила.

Благодарение на стилот и начинот на облекување, но и тоа што е девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина често е во центарот на вниманието.

Таа сега прошета низ улиците на Манчестер во син фустан на Стела Макартни од 1.900 евра, кој ја истакна нејзината фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

На нозете носела LeSilla потпетици од 765 евра, додека чантата Hermes чини 94.000 евра.

Модните додатоци кои ги носи, двата прстени и многу скапиот часовник, значително ја зголемија вредноста на целиот аутфит.

Првиот е прстен со дијаманти и сафири, кој чини 800.000 евра, а вториот е Cartier вреден 700.000 евра.

Џорџина ставила и часовник Rolex, чија цена е 550.000 евра, изработен од 18-каратно бело злато и украсен со дијаманти.

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....