10:44 - 7 ноември, 2026

ЏОНИ МИЧЕЛ ЈА ПОВЛЕКУВА МУЗИКАТА ОД СПОТИФАЈ: Причина? Неодговорни луѓе шират лаги за вакцините што чинат животи

Се зголемува бројот на луѓе кои ја отстрануваат својата музика од Spotify. Имено, Џони Мичел изјави дека во знак на „солидарност“ со Нил Јанг ќе ја отстрани својата музика од Spotify поради ширење на дезинформации за коронавирусот.

Пејачката добитничка на Греми рече дека стриминг гигантот им дозволил на неодговорните луѓе да шират лаги кои „ги чинат луѓето животи“.

Мичел објави и отворено писмо потпишано од коалиција на здравствени работници во кое го повикува Spotify да преземе акција против ширењето на дезинформации на својата платформа. Веста беше објавена набргу откако Јанг ја отстрани својата музика од Spotify, наводно поради емитувањето на подкастот „The Joe Rogan Experience“ кој е познат по своите ставови против вакцините.

– Решив да ја тргнам целата моја музика од Spotify. Неодговорни луѓе шират лаги кои ги чинат луѓето животи. Се солидаризирам со Нил Јанг и глобалната научна и медицинска заедница за ова прашање, рече Мичел.

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....