11:26 - 27 ноември, 2026

СОЧНО ПЕЧЕНО ПИЛЕШКО СО ПЕЧУРКИ, ПАВЛАКА И КАШКАВАЛ: Брзо, лесно, едноставно, а превкусно!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Мартина Трајаноска.
Фото: Приватна архива

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни дава совети како на лесен и брз начин да направите сочно печено пилешко со многу печурки, прелиено со павлака и многу кашкавал.

– Сочно, вкусно и многу лесно ручече – објаснува Мартина – Доколку сакате денеска ручекот само да го ставите во рерна, а за тоа време да си завршите други обврски, ова е тоа што треба да го направите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

ПОДГОТОВКА


Пилешкото месо исечено на парчиња наредете го во сад за печење. Зачинете го и врз него ставете печурки. Прелијте го секое парче со павлаката, па ставете рендан кашкавал.
Прекријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 180 С околу 1 час.

При крај само извадете ја фолијата на 5-10 минутки ако сакате да се запече горниот дел.

Слични објави

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо
Се вчитува....