9.8 C
Скопје
10:00 - 19 април, 2024

Џо Бајден денес полни 80 години: Бранч во Белата куќа за роденденот на најстариот претседател во историјата на САД

Џо Бајден денес полни 80 години и станува најстариот актуелен претседател во американската историја.

Џо Бајден наполни 80 години. Роден на 20 ноември 1942 година во Скрентон, град на работничката класа во Пенсилванија, американскиот претседател е ветеран на политиката и најстариот престедател во историјата на САД. Познат по своите гафови, а Доналд Трамп го нарекува „Заспаниот Џо“, Бајден неодамна можеше да се „искупи“ со собирање низа успеси. Од среднорочните избори, на кои демократите го избегнаа стравотниот удар, до претпазливата линија што можеше да ја наметне по случајот со проектилот што ја погоди Полска, до првата средба лице в лице со Си Џинпинг по повод Г-20 во Бали, во Индонезија, што означи затоплување на односите со Пекинг и приближување со незападните земји за прашањата за војната во Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Biden (@joebiden)

Мудриот претседател зад себе има поминато над 30 години како сенатор и два мандата како заменик на Обама (2009-2017), 2020 година беше третата трка за Белата куќа за него, а четвртата може да биде во 2024 година.

Првиот пат кога се обиде да се лансира во прелиминарните избори на Демократската партија во 1988 година, мораше да се повлече по обвинувањата за плагијат: еден од неговите говори многу наликуваше на говор на британските лабуристи. Вториот пат, во 2008 година, беше поразен од Обама, кој тогаш го сакаше за свој заменик токму затоа што му требаше ветеран. Во 2016 година тој не ја предизвика Хилари Клинтон за кандидатурата,  бидејќи сè уште беше многу потресен од смртта на неговиот син Бо, државен обвинител во Делавер, кој почина од рак на мозокот претходната година.

Тоа не е единствената трагедија со која се соочи Бајден. На само 29 години, во 1972 година ги загубил својата прва сопруга Нилија и ќерката Наоми во сообраќајна несреќа, во која преживеале, повредени другите негови два сина, Бо и Хантер. Неговиот втор брак, со првата дама Џил, дојде пет години подоцна, а заедно ја добија ќерката Ешли.

Бајден израснал во католичко семејство од „средна класа“ со ирско потекло, а неговиот татко бил продавач на автомобили. Семејството потоа се преселило во Делавер, каде што студирал историја и политички науки, пред да стане адвокат. Токму во Делавер, Бајден на само 29 години за прв пат стана сенатор. Тој беше реизбран шест пати, во траење од 36 години, и стана познат по своите гафови, како на пример, кога побара од сенатор во инвалидска количка да стане.

Неговата администрација запечати низа законодавни победи во последниве месеци, за климата, инфраструктурата, проширувањето на здравствената заштита, воената помош за Украина, иако таа мораше да се справи со високата инфлација и одлуката на Врховниот суд за „абортус“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Biden (@joebiden)

„Мојата намера е повторно да се кандидирам“ за претседателската функција, изјави тој, но во Демократската партија има прашања дали да се фокусираат на помладата енергија, особено по одлуката на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (82) да се повлече од лидерство.

Според анкетата на AP VoteCast, 58% од гласачите сметаат дека нема ментален капацитет ефективно да служат како претседател.

Се вели дека Бајден го започнува речиси секој ден со вежбање во 8 часот наутро, на кое му се придружуваат неговиот личен тренер и физиотерапевт.

За неговиот роденден, тој планираше да прослави со семеен неделен бранч во Белата куќа, по свадбата на неговата внука Наоми со свршеникот Питер Нил во саботата. Тоа е 19-та венчавка во повеќе од 200-годишната историја на Белата куќа, прва венчавка на внука на претседателот.

Слични објави

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо
Се вчитува....