21.7 C
Скопје
01:24 - 1 август, 2026

Џенифер Анистон проговори за залудните обиди да забремени и за разделбата со Пит: „Сега е доцна, бродот веќе заплови…“

Актерката Џенифер Анистон, најпозната по улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“, даде искрено интервју за списанието Allure.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

53-годишната Џенифер Анистон се најде во декемвриското издание на списанието Allure. Во интервју за изданието, ѕвездата од серијата „Пријатели“ зборуваше за залудните обиди да забремени.

„Сите овие години и години и години на шпекулации… Беше навистина тешко. Поминав на ИВФ, пиев кинески чаеви, направив се за да останам бремена. Би дала сè ако некој ми каже: „Замрзни си ги јаје клеткит“. Направете си услуга“. Едноставно не размислував за тоа. Но, сега бродот веќе заплови“, сподели таа.

„Не жалам за ништо. Всушност, сега се чувствувам малку полесно, бидејќи веќе немам прашање дали можам. Не мора повеќе да размислувам за тоа“, додала актерката.

Покрај тоа, Џенифер Анистон ги демантираше гласините дека Бред Пит ја оставил за Анџелина Џоли, бидејќи таа не можела да роди дете од него.

„Причината зошто мојот сопруг ме остави, зошто раскинавме и го прекинавме бракот, не беше затоа што не му родив дете. Тоа е апсолутна лага. Во моментов немам што да кријам“, објасни таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Џенифер Анистон и Бред Пит се венчаа во 2000 година, а објавија дека се разведуваат во 2005 година. Една година подоцна, актерот ја потврди својата романса со Анџелина Џоли, која во тоа време веќе беше бремена со него.

Бред Пит и Анџелина Џоли се венчаа во 2014 година. Во 2019 година Џоли поднесе барање за развод, а три години подоцна нивниот брак беше официјално поништен. Поранешните сопружници имаат шест деца, од кои три се посвоени (21-годишниот Медокс, 18-годишниот Пакс и 17-годишната Захара). Во 2006 година Анџелина Џоли и Бред Пит ја добија ќерката Шајло, а во 2008 година се родија Нокс и Вивиен.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....